Луѓето кои имаат ампутирани нозе ќе добијат роботски екстремитети кои обично нема да можат веднаш да ги користат, бидејќи е потребно многу време рачно да го прилагодат својот стил на движење, но тоа не важи за новото колено кое е подготвено за користење за само 10 минути.

Научниците развиле AI систем (вештачка интелигенција), кој може да подеси роботско колено за 10 минути, после што корисникот ќе може да се движи. AI системот користи алгоритам за препознавање на сензорски податоци, поставува безбедносни граници и “учи” подесувања кои овозможуваат стабилно и лесно движење.

Роботското колено сè уште не е подготвено за широка употреба, бидејќи научниците мора да проверат како функционира при искачување на скали и потешки терени, а има и други предизвици.

Сепак, коленото дефинитивно ветува многу, а луѓето со ампутирани нозе би можеле да поминуваат помалку време во клиниките и повеќе да уживаат во слободата. Подесувањата засега се извршуваат со жичен пат.

Извор: Klix.ba