Лаптопот ќе биде достапен со 8 GB RAM и со Intel Core i5 процесор
Acer ја претстави новата верзија на својот Chromebook 11 во текот на саемот Computex во Тајван. Лаптопот ќе биде достапен со 8 GB RAM и со Intel Core i5 процесор. Ова исто така е MIL-STD-810G тестиран уред, што значи дека има засилен дизајн.
Додека Windows лаптопите со 8GB RAM и Core i5 процесор се солидни модели од средниот сегмент, ваквите спецификации се прилично ретки кај Chromebook моделите. Поевтините модели ќе имаат Celeron или Core i3 процесори, како и 2 GB RAM.
Секоја Acer Chromebook 11 верзија има тастатура отпорна на течности, екран осетлив на допир, а Acer истакнува дека Chromebook 11 нуди до 13 часа работен век на батеријата. Останатите функции вклучуваат USB Type-C, USB 3.0 и USB 2.0 портови, HDMI приклучок и microSD слот.
Acer не објави информации за цената и достапноста на Chromebook 11.