Бир Холтиус, дипломец од Универзитетот за дизајн од Ајндховен, Холандија, создаде 3D печатач што користи рециклирана хартија како материјал за печатење, пишува Dezeen.
Печатење со хартија е многу поеколошки начин од пластиката којашто сè уште е прв избор за оваа технологија. Според Холтиус, печатениот предмет може подоцна да се разложи само со вода, без штетни последици за околината, па дури и да се искористи повторно. Mоже да се направат прилични цврсти предмети, а ако се додаде врзувач, како лак, 3D предметите ќе траат многу долго.
Дизајнерот веќе има изработени лампи, како и разни форми и големина на садови за чување на предмети и храна.
Печатачот работи релативно брзо, а хартијата како материјал е многу евтин, што ја прави оваа техника погодна за печатење на големи предмети како мебел. Целта на Холтиус е да го направи уредот лесен за користење и за деца во училиште.