Сега со повеќе од 40 членови, меѓу кои создавачите на содржини, производителите на “паметни“ телефони и многу други, HDR10+ сертификацијата и лого програмата го подобрува доживувањето на гледачите со повеќе реалистични содржини.
Компанијата „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го објави својот HDR10+ екосистем проширен до 45 индустриски партнери и најави изградба на нов сертификациски центар во Кина. Новите партнерства со компаниите чија дејност опфаќа онлајн стриминг, содржински услуги па сѐ до индустрија за полупроводници, ќе донесат повеќе содржини со подобар квалитет на сликата за гледачите, а истовремено ќе го прошират влијанието на HDR10+ технологијата во различни сегменти на пазарот.
Во јуни минатата година, „Самсунг Електроникс“ ја започна „HDR10+“ програмата за сертификација и логоа во партнерство со „20th Century Fox“ и „Panasonic“. „ HDR10+ “ е стандардна технологија за обработка на слика од Самсунг, која ги оптимизира нивоата на осветленост и контрастот за секоја сцена. На овој начин светлите делови од сцената стануваат уште посветли, а темните – уште потемени, овозможувајќи реалистично гледање.
Благодарение на новите партнерства на Самсунг со провајдерите на содржини, потрошувачите наскоро ќе можат да пристапат до повеќе содржини со живописни и реални бои. „Ракутен“ ТВ (Rakuten TV), европски онлајн сервис за стриминг, ќе започне да нуди HDR10+ содржина во првата половина од следната година. Компанијата „МЕГОГО“ (MEGOGO), еден од најголемите онлајн ОТТ/ВОД провајдери од Источно Европските и Заедницата на независни држави (ЗНД) моментално го завршува процесот за лиценцирање „HDR10+“ и официјално ќе го усвои HDR10+ објавувајќи ги содржините од „HDR10+“ на својата платформа.
Содржината ќе биде видлива на сите уреди од Самсунг “паметните“ телевизори.
Компанијата „АРСПРО“ (ARSPRO), со седиште во Москва, е уште едно продукциско студио кое ја има имплементирано HDR10+ технологијата, вклучувајќи и употреба на динамички метаподатоци. Продукцисокото студио успешно ја извршија ремиграцијата на првите неколку серии програмирање во HDR10+. На 3. декември оваа година, за прв пат во Русија и во регионот на ЗНД, најголемата руска компанија за ОТТ/ ВОД услуги- „ИВИ“ ги претстави петте европски серии во HDR10+ на корисниците на Самсунг “паметните“ ТВ уреди.
„Покрај ХДР која се етаблира како една од најважните технологии за ултра-висок квалитет на сликата, HDR10+ форматот на Самсунг добива признание. HDR10+ е веќе добро прифатен од големите компании од различни индустрии и ќе продолжиме да работиме на развивање на оваа технологија, зацврстувајќи ја нашата лидерска позиција за ХДР стандард и одржувајќи го нашето присуство на глобалниот телевизиски пазар.“ – изјави Хиогун Ли (Hyogun Lee), Извршен Потпретседател на одделот за визуелни екрани во Самсунг Електроникс.
Во 2017 година, Самсунг ја лансираше врвната услуга за видео стриминг со „Амазон“, правејќи го „Прајм Видео“ првата стриминг услуга која испорачува 4K (UHD) видеа во HDR10+. Година подоцна, „Амазон“ интегрираше HDR10+ поддршка во „Амазон Фајр ТВ Стик 4К“ (Amazon Fire TV Stick 4K), која започна во октомври. Уште еден HDR10+ партнер е компанијата Варнерс Брос (Warner Bros), а „Хоум Ентертејмент“ (Home Entertainment) досега има создадено над седумдесет HDR10+ компатибилни наслови, со план да достигне над 100 достапни наслови за дигитална дистрибуција во HDR10+ до почетокот на следната година.
Исто така Самсунг гради партнерства со големите производители на чипови за паметните телефони. „Куалком“ (Qualcomm), производител на полупроводници и телекомуникациски уреди во САД и член на HDR10 + алијансата, неодамна најави дека HDR10 + ќе биде поддржан во нивниот нов чипсет-Снепдрагон 855 (Snapdragon 855). „АРМ“ (Arm), водечката компанија во Велика Британија за иновации во областа на мобилната технологија која успешно соработуваше со Самсунг системот „ЛСИ“, исто така ќе се приклучи на HDR10+ мрежата и дополнително ќе го зголеми влијанието на HDR10+ во мобилната категорија.
Покрај ова, Самсунг во декември планира да изгради нов HDR10+ центар во Кина со „ТИРТ “, кој ќе биде национален центар за тестирање и инспекција на кинеската потрошувачка електроника. Центарот ќе има за цел да им помогне на кинеските производители на телевизори, вклучувајќи ги и „Хајсенс “ (Hisense), „ТЦЛ“ (TCL) и „Конка“ (Konka), при пристапувањето кон процедурата за сертификација. За возврат компаниите ќе го забрзаат проширувањето на HDR10+ екосистемот. На Центарот во Кина му претходеше отворање на Центрите за сертификација изградени во Кореја, Јапонија и САД изминатава година.