Научниците ја открија најоддалечената планета во нашиот Сончев систем, толку далечна и невообичаена што ѝ го дадоа прекарот Далечна.

Оваа мала ледена планета, која се движи бавно и има розова боја, е од 120 до 130 пати пооддалечена отколку Сонцето од Земјата.

Астрономот Скот Шепард од Институтот за наука „Карнеги“ во Вашингтон, денеска изјави дека се проценува оти оваа џуџеста планета има пречник од 500 до 600 километри.

Далечна се движи толку бавно што ѝ се потребни повеќе од 1.000 години за да сврти круг околу Сонцето. Откритието на оваа планета беше објавено од Центарот за мали планети на Меѓународната астрономска унија.