Samsung Galaxy S10 Lite според пишувањето на дојавувачот Ice Universe би требало да има рамен екран со сензор за отпечатоци од прсти сместен на левата страна на уредот.
Ice Universe на својот Twitter профил објави нови гласини што се однесуваат на влезниот модел од идната Galaxy S10 серија смартфони на Samsung.
Galaxy S10 Lite,Flat Screen,Side fingerprint recognition,Dual camera. pic.twitter.com/Um8m4uFFz4
— Ice universe (@UniverseIce) December 8, 2018
Бидејќи Galaxy S10 Lite или мобилниот уред засега познат како SM-G970x Beyond би требало да пристигне со 5,8-инчен рамен екран и без сензор за отпечатоци од прсти сместен под екранот (закривениот екран и споменатата технологија на сензор за отисоци би била резервирана само за премиум Galaxy S10 моделите).
Покрај класичниот рамен екран, се споменува и сензор за отпечатоци од прсти сместен од левата страна на уредот, а тука е и двојната задна камера.