Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) успешно го лансираа првиот ровер кој ќе ја истражува темната страна на Месечината. Станува збор за лансирање на роверот Chang’e-4, кој ќе слета во кратер широк 180 километри.
Целта е да се истражува содржината на камењата и прашината во областа каде ќе слета. За оваа мисија Кинеската вселенска агенција соработуваше со Шведска и Германија. Ќе се истражуваат и ефектите на соларните ветрови на површината на Месечината, а инструментите ќе тестираат можност за астрономски опсервации.
Chang’e-4 ќе служи и за обид на садење растенија. Слетувањето се очекува на 3 јануари идната година. Агенцијата веќе го лансираше сателитот Quegiao со чија помош роверот ќе има постојана комуникација, без разлика што ќе се наоѓа на страната на Месечината која не се гледа од Земјатa.
Инаку, темната страна на Месечината всушност не е темна, зборот „темна“ е поврзана со фактот дека секогаш е свртена од нашата планета, додека видливата страна е секогаш свртена кон Земјата.
Извор: Klix.ba