При туширањето повторно се користи водата од истиот циклус на туширање – водата која инаку би отишла во одвод, се чисти и веднаш повторно се користи.
Orbital Systems AB е шведска компанија основана пред 6 години, која разви иновативна технологија за рециклирање на водата за куќна и хотелска употреба, која овозможува големи заштеди во потрошувачката на вода. Технологијата е интересна, бидејќи при туширањето повторно се користи водата од истиот циклус на туширање – водата која инаку би отишла во одвод, се чисти и веднаш повторно се користи.
Базирана е на сензори кои го анализираат квалитетот на водата до 20 пати во секунда и одлучуваат дали таа вода може повторно да се употреби или не, а водата која повторно се користи, се прочистува со филтри и UV светло, за да се неутрализираат бактериите.
Предностите на оваа технологија, благодарение на која може да се заштеди дуро 90 проценти вода и 80 одсто енергија, со што се намалува и валкањето на околината, го препозна и Европската инвестициска банка (EIB), која со Orbital System договори заем од 15 милиони евра, кои ќе помогнат во истражување и развој, понатамошно усовршување на системот и неговата комерцијализација.
Orbital System веќе ја имплементираше оваа технологија во домаќинствата и хотелите во Скандинавија, а таквиот начин на рециклирање е идеален за подрачјата со ограничен пристап до питка вода.