Без оглед на тоа како ќе изгледа Земјата во иднина, новиот распоред на континенти повлекува со себе низа интересни прашања.
Земјата константно се менува. Иако не сме свесни за тоа, додека не се случи потрес, тектонските плочи секоја година се поместуваат за неколку години.
Распоредот на континенти како што го познаваме денес, почна да се создава пред отприлика 180 милиони година, кога почна да се распаѓа суперконтинентот, кој сега го нарекуваме Пангеа.
Во магазинот The Conversation, објавија интересно размислување за тоа како Земјата би можела да изгледа во иднина. Научниците се уверени дека и во иднина ќе дојде до создавање на нов суперконтинент и повторно распаѓање на нови континенти.
Секако, тоа нема да се случи во нашиот животен век. Научниците проценуваат дека за создавање на нов суперконтинент ќе бидат потребни некои 200 до 250 милиони години.
Но, интересно е да се види нивното предвидување како овој суперконтинент ќе изгледа, односно што ќе се случи со посточеките континенти.
Во видеото кое го објавија, дадоа проценка за 4 нови суперконтиненти.
Novopangea би била спротивна на Пангеа. Американските континенти би се судриле со Антарктикот и потоа би се споиле со Африка и Евроазија. Тоа воедно е и најизгледното сценарио.
Втората можност е настанувањето на Pangea Ultima, суперконтинент кој би потсетувал на американска крофна. Атлантскиот океан би станал базен во рамките на суперконтинент, кој би го опкружувал Тихиот океан.
Aurika е создавање на целосно нов океански базен. Азискиот континент би се преполовил, а во средината на новиот континент ќе биде Австралија. Источниот дел од Азија би се приближил до Америка и би го затворил Тихиот Океан, додека Европа и Африка би се споиле и би се приближиле до Америка и така би го затвориле Атлантскиот Океан.
Amasia, пак, предвидува целосно поинаков тек на настаните. Постојните континенти би тргнале кон север и заедно со Арктикот ќе формираат суперконтинент на северниот пол на Земјата.