Во последниве неколку години ја имавме таа среќа да работиме на дизајнот на веб-страници и апликации за неколку возбудливи спортски бендови. Го запознавме пазарот и посветивме многу време истражувајќи ги спортските веб-страници и апликации. Тогаш откривme дека многу EPL страници за фудбал, NFL и NBA страници го употребуваат истиот стил на образец, па повеќето од нив изгледаа исто и застарено. Сепак, има тимови/клубови кои се оддалечиле од стереотипот и побарале различни агенции да им ја креираат дигиталната понуда.
Составивme листа со некои од омилените страници и апликации, во смисла на распоред на страница, фонт, фотографија, ефект, употреба и општа корисност.
Типот на спортски веб страници и апликации на кои јас ќе се фокусирам се информациски, на пр. веб страници од клуб, тим или спортист, на кои обожавателите може да најдат информации, вести, билети, итн. и спортски веб страници за електронско тргување. Во моментов има многу веб-страници со голема визуелна свест за брендот, видео на цел екран, парче со песни и танц, како оние на Reebok и Nike. Јас нема да зборувам за нив во овој текст бидејќи неколку популарни списанија за дизајн веќе го имаат направено тоа.
Примери на спортски веб страници и апликации
1. Фудбалски клуб Манчестер Сити
Оваа веб страница постои веќе неколку години, но благодарение на богатите сопственици на клубот, сеуште е една од малкуте професионални веб страници за фудбал на кои нема реклами. Веб страницата е убава, храбра, јасна и потполно брендирана. Очигледно е уште од првата страница дека сопствениците многу инвестирале во изгледот, чувството и функционалноста на веб страницата.
2. Фудбалски клуб Арсенал
Во моментов ова е несомнено најимресивната страница на фудбалски клуб во смисла на изведба, содржина и употреба. Дизајнот е прилагодлив на уреди и дава чувство на свежина. Содржината е фантастично распределена и веб страницата изгледа одлично на секаков екран. Ми се допаѓа фонтот-тој прави со задоволство да ја читате и употребувате страницата (па дури и обожавателите на Челзи и Тотенхем Хотспур)
3. Официјална апликација на FIFA
Убав фонт и чист кориснички интерфејс ја издвојуваат оваа спортска апликација од мноштвото други. Потполно сѐ кај оваа апликација, од јасниот фонт, големите, полни слики, па се до чистата иконографија, прават оваа апликација да се употребува со потполно задоволство. Таа ви дава исто чувство, во смисла на типографија и бел простор, како и страницата на Арсенал. Одлична апликација која ви помага доколку следите фудбал.
4. Официјална веб страница на Формула 1
едизајнот на официјалната веб страница на Формула 1 изгледа одлично, може да се употребува на различни уреди и изобилува со информации кои се прикажани на визуелно интересен и интерактивен начин. Исто така, има и многу анимирани елементи кои креираат едно забавно искуство. Секое парче од вестите изгледа одлично со полните слики над текстовите. Единствена замерка ми е големината на буквите во текстот кои би можеле да се малку поголеми.
5. Веб страницата на Адидас
Секогаш може да очекувате од Адидас веб страница со прекрасни слики која одлично изгледа. Одличен извор на инспирација за дизајн. Доволно е само да ги погледнете различните секции на банери и да научите како ефикасно да промовирате и прикажете продукт на начин кој привлекува внимание и не пречи.
6. Lecoqsportif
Спортскиот бренд Lecoqsportif има веб страница со многу модерен, рамен и чист стил која фантастично изгледа. Всушност, ова е можеби најминималистичката веб страница на оваа листа. Евидентни се основите за добра веб страница уште од првото погледнување на почетната страница-цврста мрежна структура, чиста и лесна за читање типографија и конзистентен квалитет на фотографиите.
7. Fight4pride.ca
Симпатичната комбинација на задебелена, јасна типографија, сериозни фотографии и палета со темни бои и овозможуваат на веб страницата fight4pride да се истакне. Страницата на посебен начин употребува анимација преку интеракција, што само по себе дава дополнителна привлечност на атмосферата. Лесно е да се забележи дека има вистинска синергија помеѓу дизајнерите и програмерите кои успеале да креираат вакво атрактивно искуство.
8. Апликацијата на BBC Sport
Есенцијална страница за дневно регледување на секој обожавател на спорт во Обединетото Кралство. BBC е признат во светот заради својата посветеност, грижа и константното подобрување на она што го нуди на интернет. Оваа апликација, како и што би се очекувало од BBC е чиста, лесна за користење и нуди пријатно корисничко искуство.
9. Светот на Амир Кан
Официјалната веб страница на боксерот Амир Кан со својата палета на бои, задебелена типографија, чист изглед и квалитетна фотографија, малку наликува на веб страницата на Арсенал. Очигледно е и зошто оваа страница има добиено многу признанија. Сѐ, почнувајќи од логото на брендот на Амир, па се до анимираните и интерактивни страници со статистики, зрачи со квалитет и страст.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-страницата ЕВЕРЕСТ