Сондата „Инсајт“ успешно слета на планетата Марс. Следна задача на „Инсајт“ ќе биде да ја истражи внатрешната структура на Марс, при што овој статички приземјувач ќе постави сеизмометри на површината за да регистрира таканаречени марсотреси. Тие тресења треба да покажат како се наредени подземните карпи со цел податоците да се споредат со оние од Земјата за да се добие појасна слика за формирањето на планетите пред 4,6 милијарди години.
„Инсајт“ патуваше до Марс со брзина од 20.000 километри на час и се спушти на Црвената планета под агол од 12 степени.
Драматични беа последните седум минути кога сондата метар по метар испраќаше информации за слетувањето. Во последните две минути сондата ја намали брзината од 20.000 на 1.600 километри на час кога модулот се загреа на 1.482 Целзиусови степена, темепратура доволна да се растопи челик.
Во НАСА се слави по успешното слетување.
Набргу по успехот, американската вселенска агенција на „Твитер“ ја објави првата фотографија од сондата.
? Wish you were here! @NASAInSight sent home its first photo after #MarsLanding:
InSight’s view is a flat, smooth expanse called Elysium Planitia, but its workspace is below the surface, where it will study Mars’ deep interior. pic.twitter.com/3EU70jXQJw
— NASA (@NASA) November 26, 2018
„Глетката пред ‘Инсајт’ е рамниот мазен простор наречен Елисиум Планитија, но неговиот работен простор е под површината, каде што ќе проучува длабоко во внатрешноста на Марс“, напиша НАСА на „Твитер“.