Huawei продолжува со агресивен пристап за да ја обезбеди титулата на водечки глобален производител, а компанијата планира на пазарот да парира и да одговори на секој потег што ќе го повлече моментниот лидер на пазарот Samsung.
Mate 20 серијата на Huawei е директна конкуренција на Galaxy Note 9, a Huawei уште претходно најави дека се натпреварува со Samsung во претставување на телефон на свитјување. По најавите на Samsung, сега и кинескиот гигант потврди дека во декември планира објава на смартфон со Infinity-O екран.
Потврдата пристигна во форма на тизер фотографија, објавена на Weibo страниците на Huawei, а прикажува одраз на смартфон со отвор го горниот лев агол на екранот. Фотографијата, исто така, укажува на месец – декември.
Samsung исто така планира телефон со отвор во дисплејот, а уредот се очекува наскоро. Останува само да се види дали Galaxy A8s ќе биде претставен пред уредот што го подготвува Huawei.