Компанијата Satechi претстави нов безжичен полнач кој се придружи на ексклузивниот клуб на уреди кои поседуваат USB-C порт наместо Micro USB порт.
Полначот наречен Satechi Aluminum Type-C PD & QC Wireless Charger е потполно едноставен, поддржува безжично полнење со сила до 10W, што е целосно доволно за брзо полнење на батеријата на смартфоните на Apple и Samsung.
Смартфоните на Google од семејството Pixel нема да имаат корист од брзото полнење, бидејќи не се работи за полнач кој поседува сертификат на Google. Полначот поседува алуминиумско куќиште, гумиран горен дел и ознака каде треба да се спушти смартфонот.
Цената на полначот изнесува 44,99 долари, но не вклучува ѕиден адаптер. Достапен е преку Amazon и официјалната интернет страница на Satechi.