Древни бродови познати како „бродови духови“, за кои се верува дека доаѓаат од Северна Кореја и оваа година продолжуваат да пристигнуваат до брегот на Јапонија.
Крајбрежната стража соопштила дека годинава пристигнале 95 вакви трошни бродови. Поради човечките коски кои ги пронашле во нив, јапонските власти ги нарекле „бродови духови“, пренесува агенцијата АП.
Минатата година на јапонскиот брег стигнале 104 вакви брода, навела крајбрежната стража и додала дека во нив вкупно се пронајдени 30 тела, како и 40 преживеани лица.
Ветриштата и силните струи, од Северна Кореја кон брегот на Јапонија ги туркала дрвените и слабо опремени рибарски бродови. Секоја година пристигнувале по десетина вакви бродови.
Агенцијата „Асошијетед прес“ наведува дека годишниот пораст на бројот на „бродови духови“ можеби е поврзан со кампањата за зголемување на ловот на риби во Северна Кореја, со цел да се зголеми изворот на протеини за исхрана на населението во земјата која настојува да обезбеди самостоен извор на храна.
За да се исполнат зголемените квоти, севернокорејските рибари се оддалечуваат подалеку од подрачјата во кои ловат, ризикувајќи да ја повредат јапонската ексклузивна економска заона, која досега до 200 милји од брегот на Јапонија.
Повеќе од третина од тие бродови оваа година стигнале до северно-јапонскиот остров Хокаидо, веројатно за да ја заобиколат јапонската крајбрежна стража.