Компанијата Sony ги произведе првите индустриски четирислојни блуреј дискови. Новите BDXL дискови можат да складираат дури 128 гигабајти податоци.
Сепак на блуреј дисковите не можат одново да се празапишат податоци, што значи дека на нив содржина може да се сними само еднаш, а за внесување на податоците потребни се специфични блуреј драјвови.
Пред овој модел, блуреј беше ограничен на три слоја и капацитет до околу 100 гигабајти. „Сони“ истакнува дека новите дискови се четири пати побрзи во снимање на податоците од стандардните блуреј модели.
Новите BDXL модели на блуреј би можеле да помогнат во олеснувањето на складирањето на содржини популарни кај корисниците, како што се видеоигрите.
Денешните игри стануваат сè поголеми и поголеми (Red Dead Redemption 2, на пример, се продава на два двослојни блуреј дискови).
Новите черирислојни дискови од Sony чинат 13 евра по парче.