Патниците на некои европски аеродроми наскоро ќе бидат подлегнати на нови необични детектори на лаги.
Во прашање се виртуелни “аватари”, кои со примена на вештачка интелигенција, ја анализираат мимиката на лицето на патниците, врз основа на што утврдуваат дали патниците лажат или ја зборуваат вистината.
Во рамките на пилот-проектот наречен iBorderCtrl, во кој е вклучен британскиот Универзитет Манчестер Метрополитан, на граничните контролни точки, на споменатиот начин ќе се проверуваат патниците кои влегуваат во Европската унија.
“Аватарот” на влезниот граничен пункт, на патниците ќе им поставува прашања за нивното патување, и во текот на давањето одговори, ќе ги бележи промените на нивните лица. Истовремено, и “аватарот” ќе ја промени бојата на својот глас, доколку се псомнева дека некој од одговорите е лага. Следниот чекор е проследување на осмоничениот до обезбедувањето на аеродромот.
Оние кои ќе ги процени како искрени, “аватарот” ќе ги пушти.
Овој виртуелен граничар од патниците ќе бара да го потврдат своето име, датумот на раѓање и годината на старост, по што ќе им постави прашања за причината за патувањето и начинот на неговото финансирање.
Новата технологија, досега е тестирана само на 32 лица и во 85 проценти од случаите се покажа како успешна. Нејзините креатори не веруваат дека со понатамошни тестирања би можела да се зголеми нејзината ефикасност, бидејќи се јавиле одредени пропусти, како на пример, кај тестирањето на женски лица со потемен тен.
Проектот е вреден 4,5 милиони евра и ќе биде тестиран во текот на овој месец, на аеродромите во Унгарија, Летонија и Грција, на патниците кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ.
Целта на проектот е зголемување на протокот на патници и намалувањето ан гужвата на аеродромите.