Според најновите податоци на IDC, Huawei не само што продолжува да ја надминува глобалната понуда на Apple, туку исто така бележи пораст од 32,9 отсто во однос на Q3 во 2017 година во услови на глобален пад на пазарот од 6 отсто.
По вториот квартал од 2018 година, Huawei повторно забележа подобри резултати од својот конкурент.
Според IDC, глобалниот пазар на паметни телефони е намален за 6% во Q3/2018 во споредба со Q3/2017 година. Сите производители вкупно испорачале 355,2 милиони единици во последниот квартал, во споредба со 377,8 милиони во истиот период минатата година. Наспроти ова, продажбата на Huawei енормно се зголеми, испорачувајќи 52 милиони единици во третиот квартал од 2018 година, што е повеќе за 32,9 отсто за истиот период од минатата година.
Во однос на уделот на пазарот, Huawei поседува 14,6% на глобално ниво, што е за 4,2 процентни поени повеќе од истиот период во 2017 година (10,4%) и 1,4 процентни поени повеќе од актуелниот удел на Apple.
Според експертите на IDC, ако Huawei продолжи да се развива со истото темпо, компанијата не само што ќе се зацврсти на втората позиција кај производителите, туку нема да помине многу време пред да посегне кон првото место. Моделите P20 и P20 Pro продолжуваат да бидат едни од најбараните на пазарот, додека новата флагманска серија Mate 20, која излезе на пазарот пред помалку од еден месец, целосно ја оправда титулата “најочекуваните паметни телефони за 2018 година “, а исто така има и големи пазарни резултати кои ќе се зголемат во наредните месеци.
“Трката за лидерската позиција на пазарот за паметни телефони продолжува да биде многу контроверзна откако Huawei повторно го надмина Apple”, изјави менаџерот на IDC, Ентони Скарсела.