Прва европска земја со Amazon Go продавница би требало да биде Велика Британија
Кон крајот на минатата година Amazon ни претстави револуционерен начин на физичко купување, во кој нема благајни и чекање во редови. Корисникот само влегува во продавница, ги става производите во својата кошничка и си заминува од продавницата. При тоа, системот сам дознава што купил корисникот и автоматски го наплатува потребниот износ од сметката на корисникот.
Првите продавници се пуштени пред неколки месеци во САД и засега делуваат добро, иако се покажа дека има неколку проблеми. Еден од најзначајните проблеми е дека системот тешко работи со 20 и повеќе корисници истовремено, но од Amazon порачуваат дека работат на усовршување на сите недостатоци.
Но, со тоа што работат на одстранување на проблемите, во Amazon одлучија да се шират и на нови подрачја. Во план е да се отворат дури 2000 Amazon Go продавници во САД; но и нови револуционерни дуќани на подрачјето во Европа. Се чини дека челниците на овој проект го препознаа потенцијалот што се крие во европските корисници и сакаат да им ги пружат своите услуги.
Amazon неодамна поднесе документи до европските институции за да ги добие сите потребни дозволи потребни за работа на овие револуционерни продавници. Кога и да се случи влезот во Европа, според достапните информации, првата европска земја со Amazon Go продавница би требало да биде Велика Британија.