Desonanz фестивалот станува синомим за презентирање на најновите музички достигнувања во електронската музика, cutting edge-мултимедијални настани, визуелни уметности и нови медиуми.
Фестивалот за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми Desonanz годинава го прославува своето јубилејно десетто издание. Фестивалот ќе се оддржи од 31. октомври до 3. ноември на повеќе локации во Скопје. Инициран и организиран во 2009 година од Гете-институт од Скопје, Desonanz станува синомим за презентирање на најновите музички достигнувања во електронската музика, cutting edge-мултимедијални настани, визуелни уметности, нови медиуми.
Програмата на Desonanz започнува со гала концерт и свеченото отворање во среда, 31 октомври во Македонската Филхармонија со настапот во живо на Fennesz + Lillevan present Mahler Remixed. Две имиња на современата музика чии звуци и видео-колажи долги години се извор на восхит и инспирација за генерации на електронски музичари, амбиенталисти, класични композитори и видео уметници. Овој перформанс е ретка глетка на концертните сцени и досега е изведен на само неколку локации, меѓу кои се RadioKulturhaus во Виена, Карнеги Хол во Њујорк и Borusan Music House во Истанбул. Со него, двајцата музичари даваат свој поглед на делото на композиторот Густав Малер.
Fennesz е композитор, гитарист и еден од великаните на модерната класична музика, чест соработник на Дејвид Силвијан, Ричи Сакамото, Џим О’Рурк и секако проектот Fennesz+Lillevan, еден од најимпресивните мултимедијални проекти на денешницата и често дел од програмата на престижните светски фестивали од рангот на Transmediale, Unsound, Ars Electronica и сл.
Lillevan е германски ликовен и видео уметник, пионер на модерната видео-уметност и нејзината соодветна примена во музички контекст. неговиот мек и органски стил на видео продукција со бројни аналогни артефакти е уникатен и нашироко препознатлив и имитиран во светот на денешната електронска музика.
Освен Mahler Remixed на Fennesz и Lillevan на отворањето на Desonanz 2018, публиката ќе има прилика да ги слушне и види и: Cummi Flu & Raz Ohara; Кокан Димушевски со концертот за пијано и виола насловен Private Music; видео инсталациите Polymath и 10 години Desonanz, двете на 0 Kolor; и презентацијата Dwr: record playing is the acknowledgment of multitudes of miniature earthquakes. (Н.Б.)
Останатиот дел од програмата на фестивалот е следна:
1 ноември | Отворено Графичко Студио | Работилница и презентација
– Pure Data with Jean Francois Castel Branco.
– Презентација и џем сесија со учесниците на работилницата
2 ноември | Клубска Вечер – 10 години Killekill Berlin
– Eomac
– Furfriend (Live)
– DJ Flush
– Rikaloski
– Видео Инсталација Polymath
3 ноември | концерт – A Night at the Museum
– Sim Hutchins (Live AV)
– Niskogradba (Live AV)
клубска Вечер – Festival Closing Party
– Secret Guests + Desonanz DJs