Два сателита развиени во Европа и Јапонија тргнаа на пат за Меркур, најблиската планета до Сонцето.
Заедничкиот потфат наречен BepiColombo ја дочека својата реализација, а сателитите ја напуштија Земјата на ракетата Ariana, која е лансирана од Јужна Америка. На сателитите ќе им биде потребно седум години да стигнат на својата дестинација.
Меѓутоа, кога сателитите конечно ќе пристигнат, научниците очекуваат да почнат паралелни опсервации чија цел е добивање одговор на многу прашања. Научниците посебно се заинтересирани за железното јадро, кое сочинува 60 проценти од масата на Меркур. Науката се уште не може да објасни зошто планетата има само тенок слој од карпи. Меѓутоа, сателитите би можеле да донесат одговор на тоа прашање, благодарение на своите снимки со висока резолуција.
Сателитите од вселенската база Kourou беа лансирани во петокот во 22.45 часот по локално време. Контролата на мисијата базирана во Дармштад во Германија денешниот ден ќе го помине во “комуникација” со леталното за да потврди дека сателитите се исправно конфигурирани за долгиот пат.
Европската вселенска агенција никогаш нема испратено летало толку блиску до Сонцето и досега имало само две мисии на Меркур, и двете изведени од NASA. Првата беше Mariner 10, кој ја надлетувала планетата во 1974 и 1975 година, а втората беше Messenger, кој сè уште е во тамошната орбита.