Руските власти привремено одлучија да ги приземјат сите „Сојуз“ ракети после вчерашната несреќа и неуспешното полетување на ракетата „Сојуз МС-10“ која што превезуваше двајца астронаути.
После хаваријата која што за среќа не заврши фатално по двајцата астронаути, високиот функционер при руската вселенска агенција „Роскосмос“, Сергеј Крикаљев соопшти дека Русија би можела да ги одложи и лансирањата на ракети без човечки екипаж.
Имено, Русите имаа во план наскоро да испратат храна за астронаутите до Меѓународната вселенска станица, но после вчерашната катастрофа, тоа ќе биде одложено.
Russian Soyuz rocket suffered malfunction during launch, new ISS crew to make emergency landing approximately in Kazakhstan – reports https://t.co/ci9ehrGquS pic.twitter.com/GUOVuIEom1
— RT (@RT_com) October 11, 2018
„Роскосмос“ се задолжени за обновување на залихите во Меѓународната вселенска станица за крајот на овој месец, но леталото без човечки екипаж „Прогрес“ кое што треба да им однесе храна на астронаутите, го користи истиот ракетен систем како и „Сојуз“ кој се урна синоќа.
Крикаљев соопшти дека сите летови на ракетата „Сојуз“ ќе бидат стопирани се додека истрагата не ги утврди причините за несреќата.
Генералниот директор на „Роскосмос“, Димитриј Рогозин, изјави денес дека астронаутите, кои што ја преживеаа несреќата на руската вселенска ракета при полетувањето, ќе летаат во вселената повторно и засега нема промена на планот тие да бидат испратени во Меѓународната вселенска станица каде што би требало да се задржат околу 6 месеци.