Додека некои ѕвезди од светот на забавната, филмската и модната индустрија не можат да замислат ден без својот смартфон, одредени славни личности никако не можат да се откажат од користењето на своите стари мобилни уреди.
Така, американската актерка Камерон Дијаз очигледно не е една од оние лица кои чека ред за да купи најнов модел на телефон, а тоа е прикажано и на повеќе папараци фотографии на кои филмската ѕвезда го користи својот стар телефон за да направи селфи.
Понатаму, Метју Пери, односно популарниот Чендлер од серијата “Пријатели“, исто така долго време го користи својот стар LG телефон.
Популарната Сара Џесика Паркер пред неколку години беше фотографирана од страна на папараците како користи стар телефон кој има црно-бела техника.
Убавата британска глумица Кејт Бекинсејл за магазинот SlashGear открила дека користи црвен LG телефон на преклопување. “Не сум заинтересирана за iPhone“, нагласила тогаш Бекинсејл.