Писмото на познатиот физичар Алберт Ајнштајн, во кое тој ги изнесува своите размислувања за религијата и неговата еврејска вера, наскоро ќе оди на аукција и се очекува да се продаде за 1,5 милиони долари
Таканареченото „Писмо за Бог” напишано од Ајнштајн во 1954 година, една година пред неговата смрт, ќе биде понудено на аукцијата на Кристи во Њујорк на почетокот од декември.
Писмото на страница и пол, напишано на германски и упатено до филозофот Ерик Гуткинд, се смета за клучен ракопис во дискусијата за науката и религијата, и е најјасното мислење на Ајнштајн на оваа тема.