Во септември група милијардери инвеститори, меѓу кои Џеф Безос, Бил Гејтс и Мајкл Блумберг, одлучиле да одвојат милијарда долари за вложување во енергетски старт-ап компании. Инвестициите се дел од фондот наречен Пробојни енергетски потфати, направен со цел на компаниите да им се даде капитал кој може да го вратат по 20 години, а кој треба на научниците и инженерите да им овозможи работа на трансформативни енергетски технологии.
Една од тие компании е калифорниската “Пивот Био”, која од милијардерите добила 70 милиони за работа на генетски модифицирани бактерии.
Оваа компанија идентификувала голем проблем во земјоделството: фармерите користат премногу азотно ѓубриво, кое влијае на загадувањето. Како расте билката, на неа и е потребна повеќе храна, па фармерите користат повеќе ѓубриво.
Ѓубривата испуштаат азотни-оксиди, вид на гас кој е многу посилен од јаглерод диоксидот.
Тој гас долго останува во воздухот и земјиштето, а ги загадува и реките и потоците. Тој е токсичен за луѓето бидејќи во контакт со загадена вода може да се разболат и да им откажат бубрезите.
“Пивот Био” открила бактерија која може да ја намали потребата за користење на ова опасно ѓубриво. Според зборовите на службеник на компанијата, таа бактерија се криела во природата, но поради користењето на фертилизатори останала неактивна.
Со генетско модифицирање на овие бактерии, компанијата им помага да се активираат во присуство на азотни ѓубрива. Фармерите ќе можат да го прскаат семето со бактеријата во течен облик.
“Кога семето ќе го формира првиот корен, нашите микроби ќе се фатат за тој корен и ќе го прекријат. Тоа ќе овозможи бактеријата секојдневно да ја храни билката, со што ќе се елиминира потребата за дополнителни ѓубрива”, истакна Карстен Тем, извршен директор на компанијата.
Извор: Blic.rs
Поврзани артикли