Дали барате тема со една страница за WordPress? Многу деловни веб сајтови употребуваат WordPress теми со една страница за да обезбедат интерактивно искуство на своите корисници без движење во различни страници. Во овој текст, ќе ви ги покажеме најдибрите теми за една страница во WordPress.
Забелешка: не сите теми во оваа листа се бесплатни. Некои од нив не се плаќаат, но некои се премиум.
1. Zerif PRO
Zerif Pro е убава тема за деловни и корпоративни веб сајтови. Доаѓа со многу вградени опции како портфолио, изјави од корисници, членови на тим, информации за контакт, итн. Неверојатно лесно се употребува и ги поддржува повеќето повлечи и спушти апликации за креирање WordPress страници.
2. Sydney Pro
Sydney Pro е елегантна WordPress тема за повеќе намени. Доаѓа со убав, голем лизгач во горниот дел и поддржува големи видео заглавја. Има дополнителни widget-и кои ви дозволуваат да изградите сопствен распоред со повлекување и спуштање во повеќе подготвени области за дадениот widget.
Може да се употреби како тема за една страница, но може да биде и тема за повеќе страници, со дополнителни образци, и поддршка за WooCommerce.
3. Corporate Plus
Corporate Plus е бесплатна WordPress тема за деловни сајтови. Доаѓа со моќни опции како лизгач, услуги, паралакса, блог, и секции за контакт. Има многу widget-и што ја прави лесна за прилагодување и поставување.
4. Parallax
Parallax е преубава тема за една страница со елементи кои се појавуваат, паралакса, портфолио и типови на постови. Има лесни ленти за напредок, распореди за листи и мрежи и бесконечно скролување. Parallax додава и филтри за слики како сепиа, сиви тонови и замаглување, па можете истите да ги употребите и без Photoshop.
5. OnePage
OnePage тема за една страница за WordPress наменета за деловни веб сајтови. Има Twitter feed, секција за клиенти, анимиран бројач, табела за ценовник, итн. Темата е оптимизирана за брзина и изведба, а доаќа со одлична опција за креирање со повлекување и спуштање.
6. Mustache
Mustache нуди креативен распоред за WordPress тема. Има вградени секции за да додадете клиенти, изјави од корисници, услуги и членови од тимот. Подеднакво е убава и целосно оптимизирана за брзина и изведба.
8. Moesia Pro
Moesia Pro е убаво изработена тема за деловни зајтови, Дoаѓа со апликација за градење со опција повлечи и спушти, а нуди различни блокови за содржина. Може да додавате и организирате блокови за лесно да ја креирате вашата почетна страница. Има лизгач, образци за страници, Google фонтови, и сé што би очекувале од една премиум тема.
9. Freelancer
Како и што кажува името, Freelancer е прилагодлива WordPress тема за хонорарци и професионалци. Доаѓа со подготвени секции за работење со портфолио, клиенти и изјави на корисници, итн. Темата нуди повеќе избори за боја и е лесна за поставување.
10. ShowStopper
Showstopper е повеќенаменска WordPress тема која изобилува со опции. Една од опциите е да ја употрените како тема со една страница. Доаѓа со многу можности за прилагодување со лесен интерфејс. Подготвена е за WooComerce, па може да ја употребувате за да продавате продукти или услуги.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест