Акциите на Tesla скокнаа за повеќе од 15 отсто во тргувањето пред официјалното отворање на Њујоршката берза откако генералниот директор на компанијата, Eлон Маск, постигна договор со Комисијата за хартии од вредност (ДИК) на САД.
Минатата недела комисијата го обвини Маск дека со твит од август за повлекување на Tesla од берзата ги довел инвеститорите во заблуда и побара негова смена од чело на компанијата.
Маск, сепак, постигна договор со ДИК во саботата согласувајќи се да плати казна од 20 милиони долари и да се откаже од неговата улога како претседавач на Управниот комитет за најмалку три години, објави Си-ен-би-си.
ДИК, исто така, воведе парична казна од 20 милиони американски долари за Tesla и нареди именување на двајца независни директори во Одборот на директори.
Скокот на акциите за повеќе од 15 проценти се случи откако акциите Tesla во петокот се намалија за речиси 14 отсто.