Американски научници открија начин како со месеци да го победат ХИВ вирусот во телото на пациентите, користејќи двојни дози на антитела кои можат да внесат целосни промени во начинот на лекување на болеста.

Истражувачите истакнуваат дека комбинација на два протеини, познати по антиефектот на ХИВ, можат да го сузбијат вирусот до 30 дена во телото на пациентот, а тоа дава надеж дека е можно да се развие третман кој не подразбира секојдневно земање на лекови, пренесува AFP.

Ентони Фаучи од Националниот институт за алергии и заразни болести во Мериленд вели дека станува збор за безбеден и сигурен третман со антитела кој би можел да отвори нови можности за луѓето кои живеат со овој вирус. Според него, третманот со антитела претставува прв чекор во развојот на нови видови лекување. Засега, резултатите се ветувачки, но потребни се испитувања за да се зголеми времето во кое антителата се активни во сузбивањрето на ХИВ вирусот.

Според процените на ОН, 1,8 милиони луѓе биле заразени со ХИВ минатата година, а скоро милион починале.

Извор: B92.net