Големиот моден настан London Fashion Week прв пат на пистата донесе робот кој носеше креација на модната дизајнерска куќа The House of Honee. Интересно е дека дизајнерите одлучија ревијата да ја збогатат со присуството на робот кој го произведува компанијата OhmniRobotics, која се занимава со едукација и за грижа на стари и болни лица. Од таа причина, манекенките немаа причина за љубомора, бидејќи роботот кој делува како светликава правосмукалка со таблет наместо глава, навистина тешко може да се нарече манекен, како што можете да видите и во ова видео:
Веруваме дела би било многу поинтересно на модната писта да прошеташе некој хуманоиден робот, така што ова делува само како добра шега. Се надеваме само дека на манекенките „струкот” на роботот нема да им биде нов идеал.
Извор: Vidi.hr