После еден век истражување се уште малку знаеме за луѓето што го изградија Стоунхеџ.
Но сега, тим на научници од Оксфорд со помош на нова технологија за анализа на човечки остатоци разјаснија дел од мистеријата.
Уште во 1928. година во внатрешноста на кругот беа пронајдени гробови од луѓе, но бидејќи луѓето биле кремирани не можеше многу да се дознае од нив.
Со новата технологија научниците дознаа дека луѓето закопани во внатрешноста на кругот не живееле во тој предел, туку во реонот на западна Британија.
Според претходни истражувања, големите камења со кој е конструиран овој објект исто така потекнуваат од тој регион.
Научниците заклучија дека оваа група на луѓе ги траснпортирала камењата за да го изградат објектот и подоцна се вратиле во својата првична заедница, во наредните неколку генерации кога свештеници ќе починат, тие биле кремирани и транспортирани до Стоунхеџ за да бидат закопани на ова место што тие го сметале како свето.