Иако рекламите им се потребни на сајтовите за да можат да се издржат, некои од нив претеруваат со нив и ги одбиваат од себе корисниците. Други, исто така, се обидуваат да ја следат историјата и навиките на потрошувачите. Истражување на Firefox покажува дека повеќе корисници почнуваат да ги блокираат не само рекламите, но и онлајн следењето, пријави CNET.
Во ноември минатата година, Firefox претстави функција која им овозможува на корисниците да ги блокираат т.н. тракери или модули за следење на сајтови. Денес, 1.3% од корисниците на Firefox веќе ја користат оваа функција, или околу 3 милиони луѓе. Со оглед на тоа што прелистувачот има над 250 милиони корисници месечно, тоа не изгледа како голем број.
Сепак, статистика на Firefox покажува стабилен тренд во користењето на функцијата. Иако тракерите се сметаат за корисни од рекламните платформи, бидејќи помагаат за изборот на релевантни реклами, на корисниците не им се допаѓа идејата дека некаква програма го анализира нивното однесување. Покрај тоа, тие, исто така, чинат системски ресурси.
Mozilla пресметува уште дека 9.4% од нејзините корисници веќе користат AdBlock Plus за блокирање на реклами. Уште 3,3% имаат инсталирано uBlock Origin, што е алтернатива на AdBlock. Најмногу блокираат реклами во Франција – над 27% од корисниците на Firefox, по нив следат Германците со малку над 21%.