По месеци работа и развивање, Skype Private Conversations функцијата стана реалност, а корисниците на десктоп, Android и iOS платформите ќе можат да вклучат end-to-end енкрипција за повици и текстуални пораки.
Доколку лицето на кое сте му пратиле некаква содржина го прифати вашиот повик, новата технологија ќе може подобро да ја заштити вашата комуникација од оние кои имаат намера да го прислушуваат разговорот или на некој начин да се обидат да добијат пристап до корисничките уреди.
Технологијата дури ќе ја сокрие содржината од chat листата, за да спречи други лица да имаат увид во приватните дискусии на корисниците. Но, со новата функција пристигнуваат и одредени рестрикции, па така ќе може да се одржува само по една Private Conversation по уред, во еден момент. Ќе биде возможно да се префрлат разговорите на друг уред, но тогаш само ќе се гледаат пораките кои се примени и пратени на тој уред.
Skype end-to-end енкрипцијата е опционална, а функцијата ќе им овозможи на љубителите на овој сервис полесно и безбедно да ги извршуваат своите гласовни и текстуални разговори.