Според нови информации од Република Кореја, првите испораки на Samsung Galaxy Note 9 во земјата ќе бидат на 24 август. Ова станува јасно од рекламен материјал на локалниот оператор KT, а истиот датум веќе беше откриен и од претставник на Samsung во Полска, па најверојатно ќе станеме сведоци на истовремено пуштање на уредот на сите главни пазари.
Прелиминарните нарачки во Кореја почнуваат на 10 август, а корисниците кои ќе нарачаат Galaxy Note 9 пред 24 август, ќе добијат како подарок различни додатоци. Најверојатно предлозите во другите делови на светот ќе се разликуваат, но она што ни го има подготвено компанијата, ќе дознаеме по недела.
Од истиот материјал станува јасно дека верзијата на фаблетот со 8 GB RAM и 512 GB ROM барем во прво време ќе се нуди ексклузивно на пазарот во Кореја, а за останатите региони стандардната верзија на уредот ќе биде со 6 GB RAM и 128 GB меморија за апликации.
Веќе се проговори дека цената на телефонот во Европа ќе започне од 1050 евра.
Покрај тоа, Samsung пред официјалното претставување на новиот Galaxy Note 9, по грешка објави, па тргна, промотивно видео за овој уред.
Од видеото може да се види дизајнот на Note 9, односно новата позиција на сензорот за отпечатоци на задната страна, под камерата, што се смета за многу подобро решение од минатогодишното до камерата.