Најголемиот авион во светот, „стратолонч“, со распон на крилата од 117 метри, должина 73 метри и тежина од 230 тони, беше тестиран на патеката на аеродромот „Мохаве“ во американската држава Калифорнија.
Хина пренесува дека видеозаписот на кој е снимено ова тестирање на „Твитер“ беше објавено од сопственикот на „Стратолоч системс“ и коосновач на „Мајкрософт“, Пол Ален.
Ален напишал дека „стратолонч“ успешно ги поминал првите тестови.
Инаку, авионот е дизајниран како воздухопловна платформа за лансирање ракети со кои би се праќала опрема во ниската орбита на Земјата.
Според пресметките, може да понесе товар од 250 тони, а првиот тест за летање се очекува во 2019 година.