Температурата во внатрешноста на возилото кога е изложено на сонце може да достигне пустински вредности
Научници од Аризона експериментално докажале дека опасната температура во возилото може да се постигне веќе по еден час изложеност на сонце, а докажуват и дека паркирањето во сенка е исто така опасно.
Температурата на двогодишно дете оставено во автомобилот може да се зголеми на 40 степени по само еден час, што може да доведе до топлински шок, велат истражувачите од Државниот универзитет во Аризона. Тие испитувале колку брзо возилата можат да се загреат на надворешни температури помеѓу 36 и 41 степени, што секако за овие наши простори е многу често во летниот период.
Тие користеле шест автомобили со различни големини и бои кои ги паркирале и тргале од сонце. Се покажало дека помалите возила екстремно брзо се загреваат, а по само 60 минути, забележана е температура од над 47 степени во сите автомобили.
Во сенка, просечната температура била околу 40 степени, но по два часа и таа се искачила на ниво на автомобил изложен на сонце, покажува една студија објавена во списанието Temperature.
На воланот на автомобилите изложени на сонце измерена е температура од 52 степени по еден час изложеност, а на контролната табла до неверојатни 69 степени.
Истражувањето покажало дека дури и возило паркирано во сенка може да биде смртоносно за мало дете. Дишењето во автомобилот создава дополнителен ефект поради зголемената влажност на воздухот, што го отежнува ладењето со потење.
Нагласено е дека луѓето можат да страдаат и на температура под 40 степени, посочувајќи дека некои жртви на топлотен шок можат да имаат трајни ефекти врз мозокот и другите органи.
Ако, сепак, не можете да избегнете паркирање на сонце, ова се совети за спречување на преголемо загревање на воздухот во возилото.
- Ако планирате да го оставите автомобилот на сонце повеќе од десет минути, задолжително користете ролетни на предните и задните прозорци.
- Оставете ги прозорците малку отворени. На овој начин, топлиот воздух од кабината ќе може да се меша со надворешниот.
- Купете мал вентилатор на соларна енергија и вклучете го кога ќе паркирате. Ако го чувате на сонце додека возите, батеријата би требало да издржи додека сте паркирани.
Совет како да се олади автомобилот побрзо, пред да почне да работи климата. Брзо отворајте ја и скоро затворајте ја вратата шест до осум пати. На овој начин, ќе го исфрлите врелиот, а ќе внесете поладен воздух.
По вклучувањето на климата, задолжително поставете ја да го влече надворешниот воздух и отворете ги малку сите прозорци за да „новиот“ го истера врелиот воздух. По неколку минути, затворете ги прозорците и уживајте во умерената работа на климатизерот. „Умерена“ е особено нагласено бидејќи премногу ладен салон може да биде фатален за патниците, а особено за децата. Ако имате автоматска клима, прилагодете ја на најмногу 10 степени под надворешната температура.
Извор: Додај Гас