Apple денеска објави дека ги надградува своите MacBook Pro лаптопи со побрз хардвер и подобрени екрани. Подобрувањата сигурно ќе им се допаднат на лојалните професионални корисници, како што се програмерите на софтвер, видео-монтажерите или фотографите кои обработуваат слики.
Новите модели кои повторно се нудат со дијагонала на екраните ид 13 и 15 инчи, обезбедуваат подобрувања како дополнителна RAM меморија и зголемен SSD за складирање на фајлови, поживописни екрани, побрзи процесори и потивки тастатури. Според Apple, новиот MacBook Pro со 15-инчен екран е 70 проценти побрз од претходниот модел, а помалиот уред е два пати побрз од својот претходник.
Лаптопите добија и дисплеи со True Tone технологија, која ја менува температурата на бојата според околните услови, а освен тоа се здобија и со чипот Apple T2, кој ја подобрува заштитата на информациите и овозможува додавање на гласовно управување со командата Hey Siri за првпат во компјутерите на Apple. Лаптопите вклучуваат побрзи процесори на Intel, а нивната цена започнува од 1.799 долари за помалиот уред и 2.399 долари за поголемиот.
15-инчен MacBook Pro
6-јадрени процесори Core i7 и Core i9 процесори до 2.9 GHz (4.8 GHz со Turbo Boost)
До 32GB DDR4
Графички систем Radeon Pro 4GB
До 4TB SSD меморија
True Tone дисплеј
Чип Apple T2
Touch Bar и Touch ID
13-инчен MacBook Pro
4-јадрени процесори Intel i5 и i7 процесори до 2,7 GHz (4,5 GHz со Turbo Boost)
Графички систем Intel Iris Plus 655 128MB eDRAM
До 2TB SSD меморија
True Tone дисплеј
Чип Apple T2
Touch Bar и Touch ID.