Потрошувачите ширум Европа веќе неколку недели можеа да направат онлајн нарачки за VR очилата Oculus Go, а сега Oculus официјално почна со продажба на производи на Стариот континент и Канада.
Оваа недела, можни се онлајн нарачки, а уредот ќе биде достапен во повеќе од 300 продавници низ цела Западна Европа.
Oculus Go беше објавен во октомври 2017 година и се разликува од останатите VR очила со тоа што тие можат да работат сосема независно – корисникот не е обврзан да ги користи во комбинација со паметен телефон или компјутер.
Очилата се примамливи со лесното ракување, како и атрактивната цена за Европа од 219 евра (199 фунти во Велика Британија) за верзијата од 32GB.