Елон Маск неодамна сподели снимка која ни помага во визуелизацијата на големината на ракетите од „SpaceX“. Од малата „Falcon 9“, преку „Falcon Heavy“, па сѐ до масивната „BFR“, ракетите од „SpaceX“ на снимките и на фотографиите изгледаат релативно мали. Оваа илузија е успешно разбиена од најновата снимка која големината на споменатите летала ја споредува со големината на познати градби.
Снимката, секако, наместо вистински ракети, користи 3Д модели направени од страна на Рис Вилсон и ја прикажува големината на ракетите со кои Илон Маск планира да ги исполни своите планови за патување во вселената.
„Falcon 9“ најчесто се користи за испраќање сателити во вселената, додека „BFR“ би требало да превезува луѓе до Марс уште во 2024 година. „Falcon 9“ е најчесто користена ракета во „SpaceX“. Висока е 70 метри и тешка 544 тони. „Falcon Heavy“ во принцип е неколку „Falcon 9“ споени во едно, што значи дека е нешто поголема и потешка. Под „нешто“ мислиме на дополнителни 544 тони.
„BFR“ е многу поголема. Ракетата би требали да почне да превезува луѓе и опрема на Марс во 2022 година. Станува збор за чудовиште високо 106 метри и тешко околу пет илјади тони. Ракетата, освен за летање на Марс, би служела и за тури околу Земјата.