Xiaomi потврди дека Redmi 6 Pro и Mi Pad 4 ќе бидат официјално представени следната недела, односно 25. јуни. Кинеската компанија неодамна во Кина официјализира два модела од Redmi линијата – Redmi 6 and Redmi 6A. Се очекуваше дека ќе биде претставен и Redmi 6 Pro, но ова не се случи. Затоа телефонот ќе стигне на пазарот наскоро, заедно со Mi Pad 4 таблетот.
Xiaomi Redmi 6 Pro би можел да биде прв Redmi модел со засек во екранот. Компанијата на Weibo страниците објави и тизер за Redmi 6 Pro. На фотографијата, јасно се гледаат броевите 19 и 9, што укажува на присуство на дисплеј со засек и 19:9 однос на страници. Тизерот ги споменува и буквите “A” и “I”, што сугерира дека телефонот ќе има AI функции, а тука е и сетот на броеви – 4,0,0,0 – што повторно сугерира на 4000 mAh батерија.