„На плин“ најдобро функционираат моторите кои се фабрички приспособени за овој вид на гориво. Како за пример, Opel Astra 1.4T, има мотор кој е фабрички прилагоден за плинска инсталација, со тоа што се појачани самите вентили како и нивните „седишта“. Ова е потребно бидејќи напојувањето со плин воопшто нема функција за ладење на вентилите, со што обичните вентили и нивните „седишта“ се осетливи на оштетувања.
Имено, процесот кога бензинот преминува од течна во гасовита агрегатна состојба има голема потреба од кислород на висока температура од околината, односно ја лади истата. При напојувањето со плин, кој е во гасовита агрегатна состојба, во околината на вентилите остануваат големи количества неискористен кислород со висока температура.
Кога на моторот веќе му е „наложено“ да работи со вишок топол кислород, неизбежно е вградување на квалитетна инсталација со подесувачки параметри во зависност од самиот агрегат и поставеноста на вентилите, која ќе вбризгува моторно масло на вентилите за додатно ладење. Исто така, потребно е на секои 20.000 километри да се подесува растојанието на вентилите.
Пред да вградите плински уред во вашето возило, сериозно размислете за горенаведеното, за трошоците за поправки да не се изедначат со заштедата на бензинската пумпа. Ризиците се најмали ако купите квалитетна опрема со соодветен систем за ладење на вентилите со моторно масло.
Наш совет е да не ризикувате со ефтина или несоодветна опрема, бидејќи ако дојде до менување вентили – возењето на плин скапо ќе ве чини.
Како плинот влијае на работењето на моторот?
• Потивка и помирна работа на моторот
• Зголемување на векот на траењето на моторот од прилика за 35%
• Целосно согорување на плинот при што не се губи гориво преку издувни гасови
• Не доаѓа до создавање корозија како кај бензинот каде што се користат адитиви за подобрување на составот
• Дупло поголем век на траење на катализаторот и ламбда сондата
• Потивка и помирна работа на моторот
• Зголемување на векот на траењето на моторот од прилика за 35%
• Целосно согорување на плинот при што не се губи гориво преку издувни гасови
• Не доаѓа до создавање корозија како кај бензинот каде што се користат адитиви за подобрување на составот
• Дупло поголем век на траење на катализаторот и ламбда сондата
Дали е потребно некаков вид на разработување на моторот пред да се вгради плинскиот уред?
Нема никаква потреба за разработување на моторот пред да се вгради плински уред. Според статистиките, моторот на возило во кое е вграден плински уред на 0 километри трае до 30% подолго од ист таков мотор кој користел бензин. Препорачливо е со вградувањето на плин да се користи и поквалитетно масло за подмачкување.