Аpple Watch продолжува да биде најдобро продаваната серија смарт часовници, чиј дизајн не се менувал суштински од премиерата на првиот модел во 2015 година до сегашната трета генерација. Овогодинешната верзија се очекува да биде презентирана во есен и може да ја промени ситуацијата, бидејќи за прв пат ќе предложи Edge-to-Edge дизајн кој нема рамки од двете страни. Димензиите на Apple Watch 4 ќе се поголеми од сегашниот модел, а и двете верзии на паметниот часовник ќе имаат сличен дизајн.
Визијата на Apple Watch 4 ќе биде инспирирана од iPhone X и корисниците ќе можат да го приспособат паметниот часовник со постојните 38mm и 42mm каишки кои можеме да најдеме на пазарот. Воведувањето на „Edge-to-Edge“ дизајнот ќе биде најголемата промена во изгледот на Apple Watch серијата досега. Самиот дисплеј се очекува да е со приближно 15% поголем, а новиот процесор да гарантира подолг живот на батеријата, информира Мirror.
Се уште нема индикации дали Apple Watch 4 ќе го задржи традиционалниот квадратен дизајн со заоблени рабови или ќе предложи нестандардна визија. Компанијата ќе се обиде да ја намали тежината и дебелината на уредот за да го направи уште поудобен за користење. Паметниот часовник ќе се искористи и од подобрувањата во watchOS 5, кој Apple ќе го покажат за првпат по неколку дена на WWDC 2018. Премиерата на Apple Watch 4 ќе биде наесен.
Поврзани артикли