Граѓаните на Швајцарија на референдум го поддржаа новиот закон со кој треба да се блокираат сите странски сајтови за коцкање.
На референдумот, 72,9 отсто од Швајцарците заокружиле „да“ за новиот Закон за коцкање и покрај критиките за интернет цензура, објави Би-Би-Си.
Законот веќе беше изгласан во двата дома на швајцарскиот Парламент и треба да стапи на сила во 2019 година. Од тогаш, работа на интернет ќе биде дозволена само за казина и обложувалници сертифицирани во Швајцарија.
Швајцарската влада се надева дека овој закон ќе помогне да се намали бројот на зависници од коцкање.
Поврзани артикли