Дел од централната прослава на Alfa Romeo по повод Денот на Републиката во организација на Амбасадата на Италија
Моделите на италијанската марка автомобили Alfa Romeo ги пречекаат бројните гости на централната прослава по повод Денот на Републиката во организација на Амбасадата на Италија, која вчеравечер се одржа во комплексот “Македонско Село”. Моделите изложени на прославата, Giulia и Stelvio, автентично го доловија духот на Италија.
Alfa Romeo освојува на прв поглед, марка која креира оригинални ремек дела со воодушевувачки италијански стил, дизајн и технологија.
Giulia е иконата на италијанскиот дизајн. Создавајќи го овој модел Alfa Romeo ги придвижува емоциите во комбинација со богатата историја и магичниот микс од врвна технологија, перформанси инспирирани од брзина и заводнички стил. Оваа италијанска убавица е резултат на 106 години посветени на создавање на автомобили кои го земаат здивот.
Stelvio е првиот Alfa Romeo SUV, креиран за да ги исполни највисоките очекувањата за неверојатно задоволство при возењето. Комбинација од сета удобност и флексибилност на SUV со нескротливиот спортски дух кој само Alfa Romeo може да го понуди. Максимална синтеза италијанскиот дизајн, интерпретиран преку Alfa Romeo, плод на совршена синергија помеѓу формата и функцијата кои се развиваат преку сензуалното и атлетско тело на автомобилот. Секој детаљ е замислен да ја подобри аеродинамиката и да ги нагласи перформансите на Stelvio, без драма.
Доколки сакате и вие одблиску да се запознаете со моделите на Alfa Romeo, направете го тоа веднаш кај ексклузивниот увозник – Аутомобиле СК на ул. Скупи бр.8, во Скопје.