Луѓето можат да бидат врвни акробати, а можат ли роботите?
Лабораторијата Disney Research има баш еден таков робот. Се вика Stickman, што целосно и му одговара, бидејќи претставува роботски стап способен да изведува различни акробатски дејствија.
Во текот на целосно свртување од 360 степени, Stickman се ниша од плафон од височина од шест метри, се пушта од коноп кога ќе ја достигне најниската точка, отскокнува и изведува свртување.
Потполно исправен, Stickman има должина од 2 метра и 13 сантиметри, што отприлика одговара на „должина на гимнастичар со испружени раце и нозе”.
Содејството на инерција на движењата на роботот, работата на електронските сензори за мерење на далечина и компјутерскиот вид му овозможуваат на Stickman да ги изведе овие акробации, како и потоа безбедно да се „приземји”.