Првиот модел на Surface Hub на Microsoft не ја доби популарноста што се очекуваше. Главна причина за тоа е неговата големина што овозможува овој уред да се користи само во поголеми работни простории. Microsoft објави дека се продадени само 5.000 парчиња од првата верзија.
Новиот Surface Hub 2 е сосема друга приказна. 50.5 инчиниот 4к дисплеј кој може да се подесува во секоја позција само со еден прст, дозволува уредот да може да се користи во секакви ситуации, што значи може да се смести во секоја канцеларија или дом за разлика од неговиот претходник.
Ако добиете веб повик на него, можете да го наместите во портрет формат, со тоа што соговорникот ќе го гледате во реална големина како да стои до вас.
Новиот Surface Hub овозможува повеќе корисници во ист момент да бидат логирани на неговиот Windows 10, што ја прави работната околина многу поефикасна.
Мicrosoft оваа година започна со тестирање на новиот уред, па се очекува истиот да се појави на пазарот на почетокот од 2019. година.
https://www.youtube.com/watch?v=7DbslbKsQSk
Поврзани артикли