Барате работа? LinkedIn само што лансираше нова функција која ќе ви го олесни животот.
Новата функција How You Match открива како вашето образование, вештини, години на образование и моментната титула на работа им одговараат на потребите на работодавецот.
Кога разгледувате некој оглас за работа на LinkedIn, погледнете ја десната страна на огласот и тука ќе ја видите листата How You Match.
Ова е многу важно унапредување бидејќи за многу кандидати многу е важно што порано да знаат дали се вистински избор за работното место и дали работата е добра опција за нив, како и дека нивните вештини и искуство одговараат на она што потенцијално го бара работодавецот.
How You Match функцијата би требало на сите кои бараат работа да им олесни да донесат едуцирана одлука за тоа за која работа би требало да се пријават, но и да им го сврти вниманието кои сегменти на профилот би требало да го ажурираат и кои вештини им се потребни за да напредуваат во кариерата.
Новата опција им е достапна и на лицата кои регрутираат, така што сега ќе им биде многу полесно да дојдат до вистинските кандидати за одредена работа.