Huawei во текот на првиот ден од објавата го распродаде комплетниот прв контингент залихи на Honor 10, наменет за пазарот во Европа.
На Honor 10 му беа потребни само шест часа да се распродаде во Шпанија, додека Phantom Blue Honor 10 е распродаден за еден ден во Франција.
Компанијата не објави специфични детали за тоа колку Honor 10 модели се продадени во Европа, но се знае дека околу 80.000 европски претплатници преку социјалните мрежи оствариле попуст од 30 евра.
Успехот на Honor 10 не претставува изненадување, со оглед на тоа дека се работи за убав телефон, со одлични спецификации и разумна цена од 400-450 евра.