Напредните PC корисници обично се големи фанови на систем со повеќе монитори и дисплеи со висока резолуција, а двата овие елементи можат да се користат за проширување на работниот простор, подобрување н продуктивноста и нудење на пошироко поле за преглед на гејмерите.
Минатата година, Samsung претстави 49-инчен CHG90 dual-FHD 3840 x 1080p QLED (Quantum Dot) дисплеј, кој нудеше HDR поддршка, 144 Hz максимално освежување, FreeSync 2 поддршка и 32:9 однос на страници. Дисплејот сам по себе беше мулти-монитор систем без рамки кој би ја попречувале работата на екранот.
TFT Central сега известува дека Samsung планира дополнително да инвестира во стандард со ултра-широки дисплеи. Компанијата планира објава на 49-инчен dual-QHD еквивалент на CHG90 моделот, со резолуција 5120 x 1440p и максимално освежување од 120 Hz, со закривеност 1800R. Дисплејот би требало да користи VA панел и во производство ќе се најде од септември 2018. година.
Покрај моделот со 5120 x 1440p, Samsung работи и на 34-инчен монитор со резолуција 3440 x 1440p и освежување од 144Hz, кој во производство ќе се најде од третото тримесечје оваа година.