Американскиот тинејџер Роланд Сабо неодамна крена прашина на социјалните мрежи со објавување на снимка на која се слуша наизглед безопасен збор.
Имено, додека еден број корисници го слушаат зборот Јени (Yanny), други го слушнале Лорел (Laurel), а расправата помеѓу овие два табора во меѓувреме прилично се забревта на интернет.
What do you hear?! Yanny or Laurel pic.twitter.com/jvHhCbMc8I
— Cloe Feldman (@CloeCouture) May 15, 2018
YouTube корисникот MSgt Porkins одлучи на својот канал да ја разреши оваа недоумица.
Имено, тој тврди дека се во право и оние кои слушаат Лорел, и оние кои слушаат Јени.
Се работи за разлика од нашето сетило за слих, односно тежнеењето на едните да го слушнат звукот на повисоки фреквенции (претежно жени и деца) и тежнењето на другите да слушаат звук на пониски фреквенции (претежно мажите).
Слушнете тука како звучат двете верзии: