Алатката Google News која е овозможена од вештачка интелегенција на Google веќе пристигна во продавницата за апликации на Apple. Новата апликација ја замени старата Google Play Newsstand апликација.
Новиот Google News на iOS е сличен со оној на Android, користи машинско учење за да ги истренира алгоритмите да пребаруваат низ комплексните и брзо променливи вести, разделувајќи ги во едноставни формати како хронолошко подредување, локална област, како и вести кои се во фаза на развивање.
Апликацијата сега е организирана во четири секции, првата „For You” (За Вас) секција е персонализирана листа од пет вести за која софтверот на Google мисли дека ќе бидете заинтересирани, заедно со уште неколку случајни и локални вести.
Следната секција е „Headlines” (Наслови) и е комбинација од најновите вести во различните теми кои што можете и да си ги изберете.
Третата секција ви прикажува зачувани теми или вести кои можете подоцна да ги читате.
Последната секција Newsstand е нова опција што ја нуди Google, и ви дозволува да се претплатите во организации што не нудат бесплатни вести. Во последната опција, поголемиот дел од вестите се веќе синхронизирани со Google така што кога ќе притиснете на некоја вест нема да ви се отвори преку пребарувач, туку преку самата апликација со што би можеле полесно и побрзо да скролате низ вестите.