Русија ја користи Red платформата за ширење незадоволство во германското општество, смета германското Министерство за надворешни работи.
Министерството додаде дека тоа е дел од кампања за дезинформации што Москва ја води паралелно со војната во Украина.
„Red се претставува како револуционерна платформа за независни новинари. Сепак, има блиски врски со руската државна мрежа RT“, изјави портпаролот на министерството за новинарите во Берлин, објави Ројтерс.
Како што наведе, Министерството денес може да потврди дека Русија го користи Red токму за манипулирање со информации.
Red е управуван од турската медиумска компанија AFA, која, заедно со нејзиниот основач Хусеин Догру, веќе е предмет на санкции од ЕУ против Русија и е обвинета за „поткопување на демократскиот политички процес“ во Германија.
Откако им беа воведени санкциите, Red на 16 мај објави дека ги прекинува операциите.
Поврзани артикли